Достапни линкови

Времето денеска променливо, од утре стабилизирање


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Дневните температури ќе бидат значително пониски во однос на вчера. Температурата ќе се движи од 17 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 24 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но утре се уште со повремено засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура ќе продолжи постепено да расте.

XS
SM
MD
LG