Достапни линкови

logo-print

Контрастите на Попова Шапка најиразени на лето


Малкуте постојани жители на викенд населбата Попова Шапка се жалат на лоша инфраструктура.

Иако има околу илјада викендички во населбата на Попова Шапка, преку летните месеци претежно се празни. Неколку семејства, пред сè сопружници кои се пензионери ја сочинуваат малата заедница на постојани жители, додека излетници и посетители најчесто доаѓаат само за време на викендите и празниците. Условно речено мештаните велат дека таму престојуваат поради природните убавини, додека инфраструктурата им претставува проблем.

„Предноста е многукратна. Прво, ова е на поголема височина, помал притисок. Воздухот е чист. Бучавата е сведена на минимум. Температурата не преоѓа 25 степени и кога е 40 во Скопје. Прво и основно, осветлување на улицата низ населбата, бидејќи ова е урбанизирана населба. Патот не е обновен со години. Улично светло светеше лани, сега тек-тук. Најголема замерка ми е тоа што овде има доста кучиња, слушнав дека наводно ги носеле од други краеви, ги пуштале тука и комунална хигиена се обидува нешто да среди. Бидејќи не можете да шетате, а тука ако не шетате ништо не се направиле. Втора работа што смета е тоа што крави пасат, во ред е тоа, но тоа изметот е катастрофа“, вели Кире, еден од постојаните жители.

„Еве сме тргнале да идеме во Тетово да си пазариме нешто лекови. Треба барем еднаш да иде неделно автобус или нешто ние што сме постојани жители. Амбулантата не работи постојано. Луѓе сме во години“, вели Павлина Гомбар.

И Сашо Панов, кој десетина години живее таму, па веќе го има прекарот градоначалник на Попова Шапка, смета дека и суштината на привлекување туристи треба да се смени.

„Туристот се создава. Се создава со навики, а тие навики би требало уште од децата во школо што се, во гимназии. Доаѓаат овде 10 автобуси, ќе дојдат, ќе се вртат тука околу манастирот, ваму таму, жичарницата не им работи. Нема свет каде не работи жичарницата на 2.500 метри. Цело лето не работи и нема импресија“, објаснува Сашо.

Летово и водата за пиење беше забранета за користење. Населбата е под надлежност на општина Тетово, па градоначалничката Теута Арифи на прашањето дали има планови за подобрување на инфраструктурата, со најава дека ќе се утврдува како населбата да биде поубаво место.

„Таму работиме урбанистички план кој мислиме дека ќе треба да го привршиме и дека тогаш ќе имаме појасна можност за инвестиции“, истакна Теута Арифи.

Веќе неколку години се најавуваат и проекти за скијачите терени од страна на јавното претпријатие Електрани на Македонија кои стопанисуваат со останатиот дел од Попова Шапка.

XS
SM
MD
LG