Достапни линкови

Турските власти приведоа вкупно 35.022 луѓе поврзани со минатомесечниот неуспешниот воен удар, изјави денеска владин претставник. Повеќе од половината од приведените или 17.740 лица се официјално упасени, а 11.597 биле ослободени, додека 5.685 луѓе се во притвор.

По обидот за пуч рејтингот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган значително е зголемен, покажуваат резултатите од денеска објавената анкера.

Речиси две третини од испитаниците, односно 68 проценти изјавиле дека се задоволни од работата на Ердоган, што е се за 21 поени повеќе од анкетата во јуни.

Од анкетираните 27 отсто изјавиле дека не се задоволни од неговата политика, додека во јуни нивниот процент изнесувал 47 проценти.

Анкетата е спроведена од „Метропол“ во периодот од 28 јули до 1. август, околу две недели по пучот, при што се испитани 1.275 луѓе.

XS
SM
MD
LG