Достапни линкови

Нема пречки за одржување на референдум во РС


Одлуката за референдум за Денот на Република Српска ќе биде објавена во „Службен весник“ со што ќе стапи во сила, а референдумот ќе биде одржан на 25 септември, за кога е и најавен, изјави ентитетскиот претседател, Милорад Додик.

Тој истакна дека за спроведување на референдум повеќе не постојат уставно-правни пречки.

Судот донесе одлука да го отфрли барањето на Бошњаците за блокирање на референдумот. Во решението се наведува дека не се загрозуваат виталните национални интереси на жителите кои живеат во Република Српска, ако се одржи референдумот.

Во ноември 2015 година, Уставниот суд на Босна и Херцеговина го прогласи Денот на Република Српска за неуставен, велејќи дека со тоа се дискриминираат жителите кои не се Срби. Судот нареди Република Српска да одбере датум, кој исто така ќе биде прифатлив и за етничките Хрвати и муслимани во земјата.

XS
SM
MD
LG