Достапни линкови

Пораст на тензиите меѓу Киев и Москва


Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека сака да зборува директно со рускиот претседател Владимир Путин и со неколку западни лидери, оти има пораст на тензиите меѓу Киев и Москва. Од Канцеларијата на Порошенко денеска соопштија дека тој побарал од Министерството за надворешни работи на земјата да организираат телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, со потпретседателот на САД Џо Бајден, и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Москва вчера го обвини Киев дека сака да го дестабилизира Крим. Киев ги отфрли обвиненијата, но повика на борбена готовност на силите распоредени во близина на Крим. Русија најави засилени мерки за безбедност и нови поморски вежби во Црното Море.

XS
SM
MD
LG