Достапни линкови

Бугарија се справува со мигранти на границата со Србија и Турција


Припадници на бугарската погранична полиција во близина на бугарската граница со Србија, привеле 40 илегални мигранти, јави БТА.

Од 40-те приведени мигранти, 30 тврделе дека се Авганистанци, седуммина од Пакистан, а тројца од Непал, информира денеска Главниот директорат на бугарската погранична полиција.

Припадници на пограничната полиција од Мало Трново, вчера, исто така, привела деветмина мигранти во близина на границата на Бугарија со Турција, откако тие илегално влегле на бугарска територија.

Во последните 24 часа, Регионалниот директорат на пограничната полиција во Елхово, во југоисточна Бугарија, во осум издвоени обиди за елегално минување на границата спречил повеќе од 220 мигранти да прејдат од Турција во Бугарија, додава БТА.

XS
SM
MD
LG