Достапни линкови

СЈО го бара предметот на Зоран Божиновски


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека доставило барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за доставување на предметот против лицето З. Б., кој неодамна беше екстрадиран од Република Србија во Република Македонија.

Имено, се работи за предмет против обвинетиот З. Б. кој е дел од случајот „Шпион“ за кој веќе имаме воспоставено надлежност, стои во соопштението од СЈО.

Се работи за случајот против новинарот Зоран Божиновски осомничен во Шпион. Тој на 19 јулидоби уште 30 дена притвор. Тој е осомничен дека сторил кривично дело злосторничко здружување, шпионажа и уцена. За овие кривични дела Божиновски беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Србија во Македонија на 21 април годинава.

XS
SM
MD
LG