Достапни линкови

Прскање против комарци во поплавените региони


Град Скопје ифнормира дека утре во периодот од 5 до 9 часот ќе изврши вонредна авионска дезинсекција против комарци во поплавените подрачја. Заради настанатата состојба поврзана со поплавите ќе се изврши прскање од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче, Смилковци и другите насели места кои што се поплавени. Градот Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на животни да го пријават секое угинато или исчезнато грло кај нив или кај матичниот ветеринар од надлежното ветеринарно друштво со кое имаат склучено договор. Агенцијата апелира тие сами да не вршат подигање и отстранување на мршите бидејќи се потенцијален извор за појава и ширење на зарази. Доколку имаат сознанија за угинато животно во поплавите, граѓаните треба да ги информираат дежурните официјални ветеринари од тимовите стационирани во пунктовите во населените места Инџиково и Црешово и во основните училишта „25 Мај“ во Сингелиќ и „Кирил и Методиј“ во село Стајковци.

Улиците во погодените подрачја од поплавите во Скопско се лесно проодни.Општина Гази Баба информира дека од синоќа во вечерните часови до раните утрински часови во соработка со ЈП Улици и патишта и ЈП Комунална хигиена се работело на расчистување на патната инфраструктура во населените места погодени од невремето.

XS
SM
MD
LG