Достапни линкови

Дневен печат – Можеа ли да се спречат последиците од невремето?


Дневните весници се полни со полемики дали последиците од невремето можеле да се спречат и дали сме доволно организирани како држава за вакви „изливи“ на непредвидливоста на природата.

Печатените медиуми се полни со информации и фотографии од невремето во Скопје што зеде 22 животи и нанесе огромни материјални штети во неколку населени места околу главниот град. Полни се и со полемики дали последиците од невремето можеле да се превенираат, дали сме доволно организирани како држава за вакви „изливи“ на непредвидливоста на природата, со информации за помошта од нашите граѓани и од соседните и несоседните земји за настраданите.

Слободен печат излезе со наслов дека „Народ изгина од невреме, од негрижа, од неум и од нелуѓе!“ и дека „Временската прогноза на УХМР не предупреди за катастрофалното невреме“. Истиот весник ја објавува изјавата на директорот на Хидрометереолошкиот завод, Оливер Ромевски, дека „Јас правев реформи во УХМР, а за несреќата е виновен моделот купен од СДСМ“.

Леб ќе си купиме, дајте механизација
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

Дневник го објавува соопштението од УХМР дека „Скопје го погоди феномен со веројатност на појавување еднаш во 1.000 години“.

Во врска со помошта, Утрински во насловот ги сублимира забелешките од жителите на најмногу погодените подрачја: „Помош од сите страни, но и апели за правилна распределба“.

Нова Македонија информира дека „Граѓани заглавени на скопската обиколница помош бараа преку социјалните мрежи“. И кога сме кај обиколницата, Утрински објави дека „Обиколницата ќе се санира со месеци – моментално автопатот е отворен за сообраќај, но се вози по една или две ленти и со ограничена брзина“, со фотографија на која се гледа уништеноста на коловозот и околината од водената стихија. Вечер наслови: „Обиколницата Скопје пуштена за сообраќај“, со веројатно архивска снимка на обиколницата кога пред некоја година беше пуштена за сообраќај. Слободен печат информира: „Оштетени се 5 километри од скопската обиколница, штетата уште не е утврдена, надлежните не знаат како и до кога ќе биде санирана“.

Утрински забележува: „Димитриев повторно во сенка на Груевски – при посетата на погодените подрачја, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој во моментов не извршува ниту една државна функција, на терен ги координираше највисоките функционери во извршната власт, а телефонски разговараше и со раководители на дел од надлежните институции на кои им сугерираше какви мерки да бидат преземени“.

Вечер со повеќе наслови ја одбележа посетата на поплавените подрачја од страна на Груевски и Спасов. На пример, дека „Груевски не попушта пред проблемите од поплавите!“ и „Ова е министер за труд – не попушта пред маките од поплавите“ со фотографии на поранешниот премиер и на министерот од жители на Стајковци како помагаат во расчистувањето на последиците од невремето.

Слободен печат ја нотира посетата на Груевски на Синѓелиќ каде што Груевски и Трајанов беа пречекани со негодување и извици да си одат оттаму: „Груевски дојде, виде, нареди и се сликаше“, а информира и за физичката пресметка на некојси Хајрадин Сулиш, кој за телевизија Нова демантира дека бил телохранител на Груевски, со граѓанин кој учествувал во отстранувањето на последиците од невремето и кој наводно пцуел по Груевски и Владата: „Кој вика по Грујо, ќе добие ќотек!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG