Достапни линкови

logo-print

Турција ќе развива односи со Русија и покрај тензиите со Западот


Турскиот амбасадор во Русија изјави дека Турција ќе ги продлабочува своите односи со Русија и покрај тензиите меѓу Москва и Западот.

„Нашите односи со Русија се многу важни за нас и ќе направиме сè што можеме за да ги развиеме овие односи“, изјави амбасадорот Умит Јардим на денешната прес-конференција во Москва.

„Ќе ги развиваме без разлика дали земјите од западот го сакаат тоа или не“, рече тој и додаде дека НАТО на ниту еден начин не може да ги ограничи контактите на Турција со други земји. Тој исто така рече дека турската влада верува оти сегашното сириско водство може потенцијално да учествува во разговорите за решавање на сириската криза.

Сепак, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во денешното интервју за приватната НТВ, рече дека политичката транзицијата во Сирија со претседателот Башар ал-Асад е невозможна. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при посетата на Москва на 9 август, нагласи дека Анкара е подготвена да соработува со Русија во барањето решение за кризата во Сирија. Двете земји се на спротивните страни во конфликтот во Сирија. Анкара ги поддржува бунтовниците што се обидуваат да го соборат Асад, додека Москва ја поддржува сириската влада и со военото воздухопловство и помага на армијата.

XS
SM
MD
LG