Достапни линкови

Русија праќа повеќе војска на границата меѓу Крим и Украина


Русија распоредила повеќе војска опремена со модерна опрема на границата меѓу анeктираниот Крим и Украина, соопштија украинските власти. Според граничната служба на Украина, руските сили кои биле распоредени таму од март, сега се заменети со други.

„Новите војници имаат повеќе опрема, која е модерна, а има и воздухопловни единици. Во последните денови видовме и зајакнување на единиците кои се на границата“, вели портпаролот на граничната служба, Олех Слободјан.

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Киев дека се обидува да го дестабилизира анектираниот Крим. Киев ги отфрли обвиненијата.

XS
SM
MD
LG