Достапни линкови

Германија предлага нови безбедносни мерки


Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер предложи да им се одземе германското државјанство на оние луѓе кои имаат двојни државјанства, а се борат на страната на екстремистичките групи во странство. Според него така ќе биде овозможено полесно депортирање на странците кои се сметаат за опасни. Министерот денеска го претстави новиот предлог за безбедност, во време кога Берлин се обидува да ја смири загриженоста на јавноста по нападите минатиот месец зад кои се тврди дека стои организацијата Исламска држава. Де Мезиер вели дека властите размислуваат колку дополнителен персонал би им требало за да ја засилат полицијата и разузнавачките служби.

XS
SM
MD
LG