Достапни линкови

Турција отпушти над 27 илјади вработени во образовниот сектор


Над 27 илјади вработени во образовниот сектор на Турција се отпуштени по неуспешниот обид за преврат на 15 јули, изјави денеска турскиот министер за образование Исмет Јилмаз. Тој вели дека отпуштените кои работеле во училишта и во образовни институции, биле дел од „паралелната структура“. На нив им се одземени лиценците за работа и никогаш повеќе нема да им биде дозволено да работат во државна или приватна образовна институција, вели министерот.

„Паралелна структура" е термин што го користат турските владини претставници за означување на лицата вработени во државните институции, за кои се верува дека се следбеници на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, за кого пак, Анкара тврди дека стои зад обидот за воен преврат.

XS
SM
MD
LG