Достапни линкови

СДСМ бара итна седница за поплавите


Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието достави барање за одржување итна седница со една точка на дневен ред: Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје.

Пратеникот Петре Шилегов на прес-конференција рече дека тие предлагаат и конкретни заклучоци со мерки што треба ваднаш да бидат преземени за им се помогне на граѓаните.

„Собранието мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди“, рече Шилегов.

Ги повика сите пратенички групи и пратеници во Собранието да го поддржат нивното барање.

XS
SM
MD
LG