Достапни линкови

Две експлозии во Турција, десетици загинати и повредени


Најмалку 9 луѓе загинаа, а десетици се повредени вчера во две експлозии на бомби во југоисточна Турција.

Во центарот на Дијарбекир експлодира автомобил-бомба при што загинаа пет лица, а 13 се повредени.

Речиси во исто време се случи експлозија пред болница во Кзлтепе при што загинаа четири лица, а 10 полицајци и 30 цивили се повредени. Цел на нападот биле полицајците стационирани во близина на болницата.

Турските безбедносни служби тврдат дека двата напада биле изведени од припадници на Курдската работничка партија (ПКК) и оти биле координирани.

XS
SM
MD
LG