Достапни линкови

logo-print

Тачи: со демаркацијата не губиме ни метар


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека со демаркацијата на границата со Црна Гора, Косово не губи ни метар од својата територија и оти Парламентот треба да ја ратификува Спогодбата, со што ќе исполни уште еден значаен критериум во зацврстувањето на државноста. Тачи, според Лајми.нет, изразува жалење што јавноста постојано е дезинформирана со разни бројки за кои се претендира дека се научна работа. Самите лидери на опозицијата еднаш споменуваат 12.000 хектари, другпат 8.000, потоа 10.000 хектари а сега 6.000 хектари. Исто така се случи и смешна ситуација кога во ист ден претставници на иста партија користат различни бројки, изјави Тачи.

Тој нагласи дека како претседател на Косово се фокусира и грижи за територијалниот интегритет на Косово, а не на Црна Црна. Според него, изгласувањето на демаркацијата, Косово ќе го направи независна и суверена држава, бидејќи е директно поврзано со два од четири критериуми од Конвенцијата од Монтевидео околу правата и одговорностите на државите.

XS
SM
MD
LG