Достапни линкови

Србија синоќа зафатена од невреме


Невреме проследено со пороен дожд, град и грмежи синоќа ја погоди западна Србија, предизвикувајќи штети на патната инфраструктура и на земјоделските насади. Невремето, што започнало по 20 часот, ги погодило териториите на општинте Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучани. Според метеоролозите, во некои реони од подрачјето погодено од невремето наврнале и до 60 литри дожд на квадратен метар. Изобилните дождови предивикале поплави по улиците и во подрумите на повеќе станбени објекти,

Надлежните органи соопштија дека се предизвикани големи штети, пред се на овошните насади, а регистирарни се и оштетувања на патната инфраструктура и на повеќе возила. Тие сепак нагласија дека попрецизни информации за штетите ќе бидат познати денеска.

XS
SM
MD
LG