Достапни линкови

За попладне повторно се најавува невреме


Времето во Македонија претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 24 до 36 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Температурата ќе достигне до 33 степени.

Утре ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и посвежо со умерен до засилен северен ветер.

XS
SM
MD
LG