Достапни линкови

logo-print

ЕУ и Турција имале и потешки периоди


Европската унија и Турција во минатото ги надминуваа проблемите и се уште можат да ја сочуваат спогодбата за решавање на мигрантската криза, што е од клучно значење, изјави денеска турскиот амбасадор во Брисел, Селим Јенел.

Во интервју за АФП, тој вели дека ЕУ не треба да стравува дека нешто ќе изгуби заради приближувањето на Анкара и Москва.

„Јас секогаш сум оптимист“, рече Јенел, одговарајќи на прашањето за иднината на мигрантскиот договор меѓу ЕУ и Турција.

Тој објасни дека во 1997 година односите меѓу Анкара и Брисел биле „многу полоши“, кога Турција на две години го прекина секој политички дијалог со ЕУ.

„Сите имаме минато тешки периоди. Ова не е така лошо“, рече тој.

XS
SM
MD
LG