Достапни линкови

Путин: Украина го одбра теророт пред мирот


Украинската влада го одбра патот на теророт пред мирот, рече рускиот претседател Владимир Путин реагирајќи на информациите дека украински власти планирале напад во Крим. Путин рече дека Русија ќе преземе сериозни мерки за да се осигура безбедност на полуостровот. Претходно руската Федералната служба за безбедност соопшти дека двајца припадници на безбедносните сили беа убиени во одделни инциденти додека се обидувале да спречат украински саботери да влезат во Крим. Киев ги негираше овие тврдења.


Путин говоројќи во Москава, рече дека акциите на Киев се глупави и криминални, додавајќи дека ова не е поентата на мировниот договор склучен во Минск минатата година меѓу украинските владини сили и проруските бунтовници.Руската Федерална служба за безбедност вели дека станува збор за „терористички напади“ и додава дека зад тоа стои украинската Служба за разузнавање во Министерството за одбрана на Украина. Од руската служба велат дека еден од нивните членови е убиен во вооружените судири дури апселе саботери во градот Армјанск ноќта меѓу 6 и 7 август. Руските власти соопштија дека пронашле 20 бомби, муниција и гранати во оваа област. Тие додаваат и дека ја елиминирале украинската шпионска мрежа и оти се уапсени и Украинци и Руси. Во судири со друга групи саботери, пак е убиен еден руски војник, велат од службата. Министерството за одбрана на Украина ги отфрли обвинувањата и вели дека руските сили бараат оправдување за нивните агресивни дејствија во регионот.

XS
SM
MD
LG