Достапни линкови

Македонски телеком: Мобилните линии во функција во поплавените региони


Мобилните линии од „Македонски телеком“ се во функција во регионите погодени од невремето, соопштија од компанијата. Од таму велат дека екипите се постојано на терен и се уште се работи на фиксните сервиси во Стајковци, заради недостапноста на теренот. Овие сервиси за дел од корисниците во Црешово се веќе функционални, велат од „Македонски телеком“.

„Македонски Телеком постави мобилни агрегати во Стајковци, за жителите да можат да ги полнат мобилните телефони при недостиг на електрична енергија. Во моментов, низ цела Македонија има голем број на отворени пречки поради кои афектираните корисници не се во можност да ги добијат нашите услуги. Иако нашите екипи се постојано на терен станува збор за вонредна ситуација и потребно е подолго време. Корисниците кои имаат оштетена опрема можат сами да ја сменат во најблискиот Телеком Центар“, се истакнува во соопштението.

XS
SM
MD
LG