Достапни линкови

МВР апелира да се користи обиколницата, а не патот низ Сингелиќ


За да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите како и непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите во населените места зафатени од поплавата во селата Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Економија, Арачиново и другите околни населени места воспоставен е посебен режим на сообраќај, велат од МВР.

Како што соопштија од МВР, со посебниот сообраќаен режим се предвидува граѓаните од село Арачиново кои се упатуваат кон Скопје да не поминуваат низ Сингелиќ, туку да ја користат скопската обиколница, а и граѓаните од селата Црешево и Стајковци кои се упатуваат кон Скопје исто така да ја користат скопската обиколница.

Од МВР апелираат до граѓаните на селата Арачиново, Стајковци и Црешево да ја почитуваат сообраќајната сигнализација како и наредбите од полициските службеници кои ќе траат до надминување на кризната состојба.

XS
SM
MD
LG