Достапни линкови

Русија обвинува украински сили за напад на Крим


Руската федералната служба за безбедност денеска соопшти дека пресретнале вооружен упад од страна на украинските сили на Крим. Според руските власти нападот бил насочен кон значајна инфраструктура.

Од руската служба велат дека во судирите на 8 август биле убиени руски војник и вработен во Федералната служба. Портпаролот на украинската Служба за разузнавање негираше дека украински сили се обиделе да се пробијат низ позициите на руските сили за да стигнат до полуостровот Крим. Русија го анактираше Крим од Украина во 2014.

XS
SM
MD
LG