Достапни линкови

Данска уапси барател на азил кој се заканувал со бомба


Илустрација.

Илустрација.

Данската полиција денеска уапси 22-годишен барател на азил од Иран, кој се заканувал дека ќе се крене во воздух. Тој стоел на покривот на зградата во која престојувал и сакал да се самоубие, оти „срцето му било скршено“, наведува полицијата. Од таму велат дека инцидентот е поврзан со љубовна врска и нема политичка заднина. Човекот е спасен, откако полициските преговарачи го убедиле да се откаже од својот план. Но властите не кажаа дали човекот носел експлозив на себе.

XS
SM
MD
LG