Достапни линкови

Бајден во Србија и Косово следната недела


Заменик претседателот на САД Џо Бајден ќе ги посети Србија и Косово следната недела, соопшти денеска Белата куќа. Во соопштението се наведува дека Бајден од 15 до 17 месецов ќе биде на балканска турнеја. За време на посетите ќе се сретне со претседателот и со премиерот на секоја држава, велат од Белата куќа, но не кажуваат за кои теми ќе разговараат. САД минатиот месец префрли двајца затвореници од воениот затвор во Гвантанамо во Србија. Американскиот државен секретар Џон Кери и се заблагодари на Србија за, како што рече, „значајниот хуманитарен гест“.

XS
SM
MD
LG