Достапни линкови

logo-print

Турција и меѓу бизнисмените најде пучисти


Турската полиција уапси 112 претставници на бизнис фелата во неколку области од земјата. Уапсените бизнисмени се обвинети за поврзаност со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во егзил во САД, а кого турските власти го сметаат за одговорен за обидот за преврат на 15 јули.

Тоа е уште една од серијата акции на власта, во кои над 16 илјади луѓе беа официјално уапсени по неуспешниот обид за воен удар. Освен тоа повеќе од 60 илјади држабни службеници беа отпуштени од работа.

Турската Влада тврди дека сите тие се поврзани со Ѓулен, кој е обвинуван од властите дека управува „паралелна држава“ преку своите приврзаници, кои се наоѓаат во државните институции.

XS
SM
MD
LG