Достапни линкови

Спасов: Во Стајковци половина од домовите исчистени


Во поплавените подрачја на санирање на штетите ќе се работи подолг период. Педесет проценти од домовите се исчистени. Процесот на санирање на штетите и вадење на водата од куќите е речиси надминат, а останати се уште неколку улици на кои Армијата заедно со работниците од сите институции работат на повлекување на водата со пумпи, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој е координатор на Оперативниот штаб во Стајковци.

Како што посочи, целта е оваа недела да се надмине проблемот со затрупаните дворови, со затрупаните улици, да се заврши дезинфекција и да се помогне на граѓаните да се создадат основни услови за живот.

Во Стајковци има околу 1.050 куќи од кои, како што посочи, над 70 проценти беа зафатени од поплавите.

XS
SM
MD
LG