Достапни линкови

logo-print

Грузија нема да спроведе референдум за бракот


Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили ја отфрли петицијата за референдум за дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена.

Тој изјави дека не може да се одржи референдум за ова прашање, оти бракот е веќе дефиниран во Граѓанскиот законик на Грузија, во кој стои дека бракот е доброволна заедница на маж и жена. Група граѓани иницираше да се одржи референдум, откако собраа повеќе од 200 илјади потписи и ги доставија до Централната изборна комисија. Пред оваа иницијатива, еден грузиски државјанин, пак, поднесе иницијатива до Уставниот суд да се легализираат истополовите бракови.

XS
SM
MD
LG