Достапни линкови

Пожар во породилиште во Багдад


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 11 новороденчиња загинаа во пожар кој го зафати породилиштето во болница во Багдад. Пожарот избувнал ноќеска. Ирачките власти велат дека е започната истрага за да се види дали пожарот е предизвикан од дефект на електричниот систем. Некои бебиња се уште се водат за исчезнати. Родителите бараат одговори од властите. Од одделот во друга болница се префрлени 29 родилки и седум бебиња.

XS
SM
MD
LG