Достапни линкови

Папата изрази сочувство за настраданите во скопско


Папата Франциско преку државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, испрати телеграма до скопскиот бискуп Киро Стојанов, со која изразува сочувство до настраданите во временската непогода, која пред неколку дена се случи во Скопје и во околните населени места, соопштија од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Во телеграмата се вели дека неговата светост испраќа свој апостолски благослов, искажувајќи ја својата духовна блискост за сите оние кои ги изгубиле своите животи и се моли за оние кои пострадале од последиците на невремето.

XS
SM
MD
LG