Достапни линкови

Годишнина од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила


Одбележaни се 15 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила. Во конфликтот во 2001 кај месноста Љуботенски бачила загинаа осуммина резервисти, припадници на АРМ. Воено товарно воило тогаш нагази на мини, при што загинаа војници од гарнизанот во Скопје. Цвеќе пред споменикот на жртвите положија семејствата на загинатите, преставници на АРМ, на Владата, здруженија на ветерани. Семејствата на загинатите борци побараа и поголема поддршка од државата.

XS
SM
MD
LG