Достапни линкови

logo-print

Путин и Меј договориле средба „во блиска иднина“


Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј

Рускиот претседател Владимир Путин и британската премиерка Тереза Меј се согласија да се сретнат „во блиска иднина“ и да се обидат да ги подобрат лошите односи меѓу Москва и Лондон, соопшти Кремљ. Билатералните односи беа влошени поради разликите околу Украина и Сирија, како и по обвинувањата од Лондон дека руски бомбардери летале во близина на британскиот воздушен простор.

Кремљ соопшти дека двајцата лидери вчера имале телефонски разговор и се договориле да се сретнат најверојатно за време на самитот на Г 20 идниот месец во Кина. Според соопштението, Путин и Меј изразиле незадоволство поради лошите односи. Телефонскиот разговор бил на иницијатива на британската премиерка.

XS
SM
MD
LG