Достапни линкови

Косово испрати во Македонија екипа за испумпување вода


На барање на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, косовската Агенција за менаџирање на природни катастрофи при Министерството за внатрешни работи, испрати екипа да помогне во справување со последиците од поплавите, јави МИА. Генералниот директор на Агенцијата, Фадил Кодра изјави дека косовската екипа ја сочинуваат осум специјално обучени лица, три возила, две возила со пумпи за испумпување вода, четири пумпи од 800 до 1.500 литри и возило за логистичка подршка.

Предвидено е екипата да остане во Македонија до петок, 12 август и ќе биде ангажирана во испумпување вода од поплавените домови.

XS
SM
MD
LG