Достапни линкови

logo-print

Времето денеска сончево и потопло


Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и слаб ветер, претежно од јужен правец. Во западните делови е можна краткотрајна појава на врнежи од дожд. Темепратурата ќе се движи од 22 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер, претежно од јужен правец. Во западните делови е можна краткотрајна појава на врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 33 степени.

Утре попладне и в петок ќе бидеме под влијание на влажна и студена воздушна маса од север која ќе предизвика пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.

В петок преку денот ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и посвежо време.

XS
SM
MD
LG