Достапни линкови

logo-print

Косово - Граната во куќата на претседателот на Комисијата за демаркација


На терасата од куќата на претседателот на косовската комисија за демаркација со Црна Гора, Мурат Меха, пронајдена е граната. За Радио Слободна Европа од косовската полиција потврдија дека експлозивната направа е деактивирани и дека акцијата е спроведена успешно и без инциденти.

Дојавата за бомба пристигнува само неколку часа откако во Собранието беше фрлен солзавец во текот на седницата на Комитетот за надворешни работи, на која се расправаше за ратификација на Спогодбата за демаркација со Црна Гора.

Истовремено, каменувана е и зградата на косовската Влада.

XS
SM
MD
LG