Достапни линкови

Турција и Русија ќе ги обновуваат врските


Приоритет за Турција и за Русија е односите да се доведат на ниво какви што беа пред кризата, рекоа лидерите на двете земји по средбата во Санкт Петербург. Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека неговата земја ќе ги укинува санкции против Турција, чекор-по-чекор.

„Пред нас лежи макотрпна работа за реанимација на трговијата и економската соработка“, рече Путин и предупреди дека за тој процес ќе биде потребно некое време.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го ослови Путин со „драг пријател“ и рече дека двете земји можат да ги обноват врските, па дури и да станат поблиски.

XS
SM
MD
LG