Достапни линкови

Ирак - отфрлени обвиненијата за корупција на пратениците


Ирачкиот суд го отфрли обвинението за корупција за претседателот на Парламентот Салим ал Џабури. Портпаролот на судот во Багдад вели дека судот ги отфрли обвиненијата против Џабури поради недостаток на докази. Одлуката на судот уследи неколку часа откако парламентот гласаше за одземање на имунитетот на претседателот на Собранието.
Министерот за одбрана го обвини парламентарниот спикер за корупција и приложи докази за тоа пред Собранието. Тој обвини дека Џабури и уште неколку пратеници биле корупмирани и дека се обидувале да го уценуваат. Обвинетите ги негираа обвинувањата. Подоцна премиерот им забрани да патуваат на обвинетите во странство и беше отворена истрага.

XS
SM
MD
LG