Достапни линкови

Се остранува угинатиот добиток за спречување зарази


Изминатите два дена во најголем дел е завршено евидентирање, проценка и утврдување на сопственоста на угинатиот ситен добиток по поплавите во скопско и тетовско (кокошки, овци и кози), како и нивно закопување на соодветни локации определени од страна на локалната самоуправа.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), оваа акција ја спроведуваат нејзини стручни тимови во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ветеринарните друштва, со цел превенција и спречување на појава на заразни болести во поплавените подрачја.

Од вчера попладне се врши и извлекување, евидентирање, проценка и отстранување и закопување и на угинатиот крупен добиток во поплавените региони.

XS
SM
MD
LG