Достапни линкови

Зголемен бројот на припадници на АРМ во поплавените региони


На барање на граѓаните од подрачјата зафатени со невремето, претседателот на Република Македонија и врховен командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов, донесе одлука да ангажира дополнителен број припадници на Армијата со цел да помогнат во санирањето на последиците и штетите од катастрофалното невреме и да ја пружат потребната помош на месното население.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, претседателот ја задолжи АРМ да ги стави на располагање сите расположливи капацитети за помош во санирање на штетите предизвикани од невремето.

Војската е активно вклучена на терен со сите расположливи ресурси, со цел ублажување на последиците во најпогодените подрачја, соопштуваат во Кабинетот на Претседателот.

XS
SM
MD
LG