Достапни линкови

Бомбашки напад на пазар во Авганистан


Најмалку еден човек загинал, а десетина се повредни во самоубиствен бомбашки напад во преполн пазар во северниот авганистански град Мазар-и-Шариф, соопшти тамошната полиција. Портпаролот на гувернерот на провинцијата, рече дека напаѓачот имал експлозив врзан за своето тело. Ниту една група не презеде одговорност за денешниот напад. Мазар-и-Шариф е важен трговски центар во близина на границата со Узбекистан и генерално досега бише поштеден од насилство. Мисијата на ОН во Авганистан, соопшти дека повеќе од 1.000 цивили се убиени во првата половина на оваа година.

XS
SM
MD
LG