Достапни линкови

logo-print

Различен период во односите Турција - Русија


Турција влегува во многу различен период во односите со Русија, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој вели дека соработката меѓу двете земји ќе помогне за решавање на регионалните проблеми. Ердоган денеска е во посета на Санкт Петерсбург каде се сретнa со рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е нивната прва средба по заладувањето на односите откако турски воени авиони срушија руски хеликоптер во близина на границата со Сирија.
Во пресрет на средбата со Путин, Ердоган рече дека сака да ги ресетира односите со Русија.

„Една нова страница ќе се отвори во руско-турските врски. Оваа нова страница ќе вклучува воена, економска и културна соработка", изјави Ердоган за ТАСС.

XS
SM
MD
LG