Достапни линкови

Турција врши притисок врз САД за Ѓулен


Турција врши притисок врз САД да го предаде муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен кого Анкара го обвинува за обидот за државен удар. Турскиот министер за правда Бекир Боздаг вели дека антиамериканското расположение во Турција го достигна врвот по прашањето за Ѓулен и дека се ризикува тоа да се претвори во омраза. Боздаг во изјава за државната агенција Анадолија вели дека Вашингтон ќе го „жртвува“ сојузот со Анкара ако одбие да го екстрадира Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во Пенсилванија.

Турција го прогласи движењето на Ѓулен за терористичка организација и бара тој да се врати во Турција за да му се суди. Вашингтон бара да се достават докази за вмешаност на проповедникот.

XS
SM
MD
LG