Достапни линкови

Повторно солзавец во косовското Собрание


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Во косовскиот Парламент повторно беше фрлен солзавец и тоа во момент кога Комисијата за надворешни работи го разгледуваше предлог документот за демаркација на границата со Црна Гора. Полицијата е во потрага по претставникот на опозициското движење Самоопределување, Дритон Кауши, кој се обидел со солзавец да го спречи усвојувањето на овој документ.

Сепак документот е усвоен со шест гласови, а на состанокот присуствувале пет пратеници на Самоопределување.

Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, кој е потпишан минатиот август во Виена, треба да се најде на дневен ред на косовскиот Парламент в четврток.

Овој документ е многу важен за Приштина, бидејќи од неговото усвојување зависи дали Брисел ќе одобри визна либерализација за косовските граѓани.

XS
SM
MD
LG