Достапни линкови

logo-print

Продолжува мигрантскиот бран од Турција во Грција


Бегалци и мигранти продолжуваат да пристигнуваат од Турција во Грција, откако во послените 24 часа на грчките острови пристигнале 126 лица - 99 на Хиос и 27 на Самос. Само во последните три дена секојдневно на грчките острови пристигнувале по околу 85 луѓе.

Според податоците на владиниот координативен орган за управување со бегалската криза, во Грција биле регистрирани 57.047 бегалци, од кои 9.919 на островите во источниот дел на Егејското Море, каде во организираните центри има 7.450 места.

Во меѓувреме, Меѓународната организација за миграции соопшти најнови податоци, според кои од почетокот на годинава во Грција пристигнале 160.888 мигранти и бегалци.

XS
SM
MD
LG