Достапни линкови

Познати членовите на ад-хок телото за медиуми


Слаѓана Димишкова од Вест , Цветин Чилиманов од МИА , Горан Трпеновски исто така од Вест и Љубомир Костовски од онлајн неделникот Глобус се четворицата членови на ад хок телото кои ги предложија партиите, потврдуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за Радио Слободна Европа.

Првите двајца се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски и Костовски по предлог на СДСМ. Партиите како што се дознава имињата ги доставиле вчера во електронска форма.

Според измените на изборниот законик петтиот член кој не е по партиски предлог, четворицата партиски претставници треба да го договорат, а директорот на агенцијата да го назначи најдоцна 15 дена по нивното именување. Целата оваа процедура би требала да заврши до кај 20 август

XS
SM
MD
LG