Достапни линкови

Над 26.000 приведени во врска со обидот за пуч во Турција


Турскиот премиер Бинали Јилдрим

Турскиот премиер Бинали Јилдрим

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави денеска дека над 26.000 лица биле уаспени во врска со неуспешниот обид за воен преврат во земјата на 15 јули, а 16.000 се задржани во притвор.

Во врска со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за пучот, Боздаг истакна дека неговата улога во немирите е „факт, кој им е познат на сите“.

Турција бара екстрадиција на Ѓулен, кој живее во егзил во САД од 1999 година, но досега Вашингтон не одговорил на барањето.

XS
SM
MD
LG