Достапни линкови

Активиран механизмот на ЕУ за цивилна заштита


Механизмот на Европската унија за цивилна заштита е активиран и првата екипа на експерти на ЕУ е испратен во Македонија по поплавите, соопшти синоќа Европската комисија (ЕК). ЕК информира дека Република Македонија го активира Механизмот на ЕУ за цивилна заштита по изобилните поплави и лизгањето на земјиште кои зедоа многу човечки жртви во предградијата на главниот град Скопје.

Екипа на технички експерти ќе пристигне денеска за да изврши проценка на предизвиканата штета и да даде препораки на властите за цивилна заштита на национално и локално ниво.

Во моментов, ние сме во контакт со властите во Скопје и со останатите земји кои се дел од Механизмот за координација со цел да обезбедиме брз одговор на барањето. Експерт за хуманитарна помош е веќе испратен и екипа за цивилна заштита се очекува да пристигне утре. Апелирам што е можно побрзо да пристигнуваат понуди за помош. Исто така, ние сме подготвени да обезбедиме хуманитарна помош доколку е потребно, изјави вчера Христос Стилианидес, комесар на ЕУ за хуманитарна помош и управување со кризи.

XS
SM
MD
LG