Достапни линкови

Времето променливо со повремен дожд, вечер стабилизирање


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Во текот на денот локално процесите може да бидат и поинтензивни, но кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната ќе биде од 25 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, околу пладне пороен и проследен со грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 29 степени.

Утре, како и в четврток претпладне ќе биде претежно сончево и потопло. В четврток попладне под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе има локален дожд и грмежи, а од петок засилен северен ветер и пад на температурите.

XS
SM
MD
LG