Достапни линкови

Руската централна банка предвидува раст


Седиштето на руската Централна Банка.

Седиштето на руската Централна Банка.

Русија излезе од рецесија и влегува во период на низок економски раст, соопшти денеска руската Централна Банка. Економските експерти велат дека Бруто-домашниот производ од 0,2 отсто во првото тромесечие пораснал на 0,3 отсто во второто тромесечие. Се очекува растот во третото тромесечие да биде 0,4 проценти, а во четврото 0,5 отсто. Русија е тешко погодена со падот на цената на нафтата, ресурс кој чини половина од буџетските приходи, заедно со гасот. На рецесијата влијаеја и санкциите кои Западот ги воведе поради улогата на Русија во Украина.

Меѓународните експерти предупредуваат дека дури и скромни предвидувања за растот се оптимисти. Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека Бруто-домашниот производ ќе се намали за 1,2 отсто оваа година.

XS
SM
MD
LG