Достапни линкови

МВР реферира како постапиле по поплавите


Од МВР денеска соопштија за активностите за време и по невремето и за идентитетот на жртвите. Во невремето што во саботата го зафати скопскиот регион загинаа 21 човек. Најголемито дел од нив од општина Гази Баба, а има и жртви од Крива Паланка, Куманово и Тетово. Сите жртви се македонски државјании и сите се пронајдени на подрачје на општина Гази Баба, соопшти МВР. Претресот на теренот бил завршен вчера (7 август 2016) во 14 часот при што биле пронајдени неколку лица, како и лица кои настрадале во невремето, а во текот на ноќта биле пронајдени и повеќе тела на лица зафатени со поплавата. Притоа биле евакуирани околу 2000 лица и им била укажана медицинска помош на околу 500 лица.

До денеска во 14 Секторот за внатрешни работи Скопје нема добиено пријава за исчезнати лица, велат од МВР. Од полицијата соопштуваат дека излегле на терен веднаш по добиените пријави за поплавен регион.

Од МВР велат дека ангажирале, луѓе, механизација, хеликоптери, санитетски возила на местото на настанот. А потоа бил формиран и кризен штаб кој договорил како да се постапува и што да се прави по непогодата. Биле дадени и конкретни задачи на сите вклучени државни органи и тоа во делот на претрес на терен, со цел пронаоѓање на настрадани лица и настанати штети, како и воспоставување на елементарни услови за живеење (достава на вода, храна, лекови и сл.), велат од МВР.

XS
SM
MD
LG